Почетна » Новости » Занимливости » Живот во природа: Пар со сопствени раце создаде приватен остров на кој живее 28 години

Живот во природа: Пар со сопствени раце создаде приватен остров на кој живее 28 години

Дали некогаш сте се осмелиле да ги следите вашите најлуди и навидум недостижни соништа? Токму тоа го направиле Вејн Адамс и Кетрин Кинг кога започнаа да го градат нивниот приватен пловечки остров, кој се наоѓа во близина на копното на островот Ванкувер.

Конструкцијата на островот, наречен „Freedom Cove“, започнала во летото 1991 година и продолжува до ден-денес. Тој се состои од неколку платформи на кои се наоѓаат: нивниот дом, неколку стаклени градини, уметничка галерија, уметничко студио, светилник и подиум за танцување.

Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove

Кетрин е танчарка, сликарка и авторка, а Вејн е професионален уметник, скулптор и музичар, па разбирливо е зошто сè што е изградено е поврзано со нивните страсти. Тие се запознале во 1987 година и веднаш сфатиле дека имаат заедничка љубов кон природата. Така се создале нивните планови за градење дом во дивината.

Островот „Freedom Cove“ во најголем дел е изграден од рециклирани материјали и е самоодржлив. Парот сади и одгледува своја храна, а своите дела ги изложува и продава во својата галерија на островот. Тие тврдат дека ако сакаат, можат да живеат на островот без воопшто да треба да го посетат градот.

Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove Freedom Cove

Островот го имаат посетено бројни туристи, меѓу кои и актерката Рис Витерспун.

Freedom Cove Freedom Cove

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.