Многумина веруваат дека меѓу најемотивните средби се оние помеѓу старите луѓе и нивните (пра)внучиња.
Луѓе од целиот свет споделија на порталот BoredPanda фотографии кои ги овековечуваат моментите на запознавање на баби и дедовци со нивните мали потомци.
Баба ми за првпат ја запознава својата правнука по изненадна посета

Дедото го запознава за првпат својот прввнук. Огромна љубов

Мојот дедо и ќерка ми. Разликата е 90 години

Прабабата и прадедото кои имаат над 90 години го запознаваат 4-месечното правнуче

97 години и 1 година. Прабаба ми има Алцхајмер, но нејзиното лице се разведрува кога ќе го види моето мало девојче

Првата средба

Најдоброто што некогаш сум го фотографирала. Прабабата го запознава своето прво правнуче

Син ми се роди истата недела кога почина дедо ми. Ова е мојата баба, која го запознава за првпат веднаш откако се врати од болницата каде што се прости од својот сопруг

Мојата 92-годишната баба ја запознава за првпат мојата ќерка која има само два дена. Животот доаѓа и си оди, но тој е секогаш прекрасен

Мојот 3-дневен син вчера успеа да ја запознае својата баба која умираше. Мило ми е што ја имам оваа фотографија за да се сеќавам на средбата

101-годишната баба го држи 13-дневното внуче. Чиста убавина

Мојата баба, која има Алцхајмер, за првпат ја гледа својата правнука

Фотографија од дедо ми кога за првпат го запозна својот правнук

Мојот 87-годишен дедо ја запозна правнука си за првпат

98-годишен човек за првпат ја држи својата правнука која има една недела

Мојот прв внук ја запознава прабаба си

Мајка ми го запознава своето прво внуче

Татко ми го гледа својот внук за првпат

По тригодишно боледување и операции меѓу кои и трансплантација на срце, внука ми беше конечно доволно здрава за да патува во странство и да го запознае својот дедо во Германија

Баба ми, која беше неутешна со денови по смртта на дедо ми, кога го виде за првпат својот 5-месечен внук

Бабата го запознава своето прво внуче

Внука ми, која има две недели, ја запознава својата прабаба

Мајка ми конечно стана баба

Дедо го запознава внукот за првпат

Го запозна дедо си

Ќерка ми со нејзината прабаба. Едната е родена во 2013, а другата во 1913 година

Денес е стотиот роденден на прабаба ми. Ова е таа, држејќи го својот правнук

Мојата 96-годишна баба ја запознава правнука си и не знам која од нив е посреќна

Мојата прекрасна баба, која само што го победи ракот на дојката, го држи своето петто правнуче, кое има само 2 часа

Мојот болен дедо го запознава својот 2-месечен правнук, на свадбата на мојата сестра. Нечувствителниот ветеран од Втората светска војна плаче

Прабаба ми и мојата најмлада братучетка. Разликата е 100 години

Прабабата Едит го запознава своето ново внуче

Првото запознавање со прабаба Грета

Ќерка ми и нејзината прабаба. Разликата е 91 година

Ќерка ми ја запозна својата 91-годишна прабаба

Ќерка ми пред некој ден ја запозна прабаба си. Разликата меѓу нив е 95 години

Ќерка ми, која е родена во 2010 година, во рацете на нејзината прабаба, која е родена во 1910 година
