Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна реклама го прикажува моментот кога посвоен тинејџер ќе ја почувствува љубовта на новото семејство

Емотивна реклама го прикажува моментот кога посвоен тинејџер ќе ја почувствува љубовта на новото семејство

Ретко кој пар се одлучува да посвои тинејџер, а неспорно е дека тие имаат потреба од родителска љубов исто како сите други деца.

Емотивна реклама го прикажува моментот кога посвоен тинејџер ќе ја почувствува љубовта и топлината на новото семејство.

Во видеото, момчето Џејсон влегува во домот на семејството кое го посвои и ги здогледува фотографиите на неговите нови родители со нивните деца. Во почетокот, тој е повлечен и не се вклучува во семејните активности, но како што изминуваат деновите, тој сè повеќе и повеќе ја чувствува нивната љубов.

На крајот од видеозаписот, Џејсон влегува во домот и здогледува семејна фотографија на која се наоѓа и самиот тој. Среќното момче, трогнато до солзи, ѝ подарува силна прегратка на својата нова мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.