Реакцијата на Тајрон Армитиџ кога за првпат ќе ја здогледа саканата во венчаница ќе ве разнежни. Фотографиите кои го овековечија свадбениот момент говорат за големата љубов на младоженецот кој е надвладеан од емоциите.

„И тогаш ја здогледав... еден краток поглед и не можев да им поверувам на моите очи. Сè што можев да си мислам беше: 'Wow, wow, wow'. Колку е неверојатен животот кога знам дека ќе те имам покрај себе до крајот? Не можам да поверувам дека ќе живеам со тебе, дали ова е реално? Јас сум најсреќниот човек на планетата“ - со овие зборови Тајрон го опиша драгоцениот момент.






Тајрон и Кели биле заедно повеќе од една деценија пред да се решат да ја крунисаат својата љубов со брак.
„По 11 години врска, конечно дојде момент да се оженам за мојата најдобра пријателка и сродна душа. Тоа утро си дадов време само за себе за да се присетам на животот кој го градевме заедно. Не можев да не си мислам дека сум најсреќниот маж на светот што таа прекрасна жена влезе во мојот живот“ - раскажа тој.

Емоциите на Тајрон биле толку интензивни и поради лоша вест која ја добиле една недела пред свадбата. Имено, тој дознал дека неговиот татко ја губи 16-годишната битка со рак, па тоа го поттикнало уште повеќе да мисли на тоа што навистина е најважно во животот.
Во текот на свадбениот ден, фотографот уловил и моќни моменти меѓу Тајрон и неговиот татко. „Солзите продолжија во текот на денот и ноќта, за време на заветите, говорите и моментите со луѓето кои ни се најблиски“ - вели тој.







