Почетна » Новости » Занимливости » Едукативни работилници за најмладите: „Со здрави навики до здрави бубрези“

Едукативни работилници за најмладите: „Со здрави навики до здрави бубрези“

Никогаш не е прерано да започнеме да ги учиме нашите деца повеќе за тоа како функционира телото и кои се добрите навики кои треба да ги практикуваме. Поттикнати од оваа идеја Здружението за бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со „Ладна“ од средината на месец октомври започнаа да организираат едукативни работилници наменети за сите третооделенци од скопските општините Центар, Аеродром и Чаир. „Кога ќе го споите едукативното со забавното го освојувате вниманието на најмладите и тие со задоволство ги восприемаат советите кои им се посочуваат од нашите доктори, а се однесуваат на тоа како да ја одржуваат правилната функција на нивнтите бубрези.

Едукативни работилници

„Предавањата се интерактивни, па така лесно можеме да го слушнеме и нивниот став и мислење во врска со навиките кои ги имаат, можат да поставуваат прашања и заеднички да дојдеме до вистинските заклучоци“, вели др. Трпеновски, кој е дел од ова несекојдневно дружење со учениците.

Едукативни работилници

На овие работилници секое дете доби едукативна боенка поврзана со тематиката, боички и шишенце вода Ладна. Планирано е работилниците во овие три општини да се одржуваат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.

Едукативни работилници

„Нашата цел е да не застанеме овде, туку овие работилници да имаат можност да ги посетат сите третооделенци, не само од скопските училишта, туку и низ остантатите градови во Македонија. Досегашните работилници ги надминаа очекувањата кои ги имавме, бидејќи не изненади желбата за знаење која ја покажуваат децата и фидбекот кој го добивме од нив. Ова за нас претставува доплнителен поттик да ги вложиме сите напори проектот да се распространи што повеќе. Понекогаш вреди во вистинскиот момент да се потрудиме малку повеќе и резултатите ќе бидат неминовни“, велат од Ладна.

Едукативни работилници

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26297 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.