Nike Shop во Скопје Сити мол 3 години на мапата на светот. Најмодерната, најголемата и единствената Nike продавница во Македонија на 5 мај, сабота го прославува 3-тиот роденден.
Во трговскиот центар „Скопје Сити Мол” на втор кат, Nike Shop го прославува третиот роденден со одлична забава, диџеј, изненадувања како и попуст од 20% на целиот асортиман кој важи на 4 (петок) и 5 (сабота) мај.

Уникатната атмосфера на Nike Shop во Скопје Сити Мол на сите спортски ентузијасти и професионални спортисти им дава пристап до светот на најдобриот спортски бренд во светот. Во продавницата можете да пронајдете спортска облека, обувки и опрема кои ќе Ви овозможат да ги поместите Вашите граници и срушите личните рекорди.

Тимот на Nike Shop специјално за роденденот подготви единствена и уникатна понуда од различни категории, тренинг опрема, опрема за трчање, за кошарка како и „sportswear” и „lifestyle“ модели. Бидете рамо до рамо со Nike амбасадорите и подновете се со посакуваните спортски парчиња на облека или обувки.
Комерцијален текст