Почетна » Новости » Занимливости » „Еден ден сè ќе заврши. Некако ниту 20 години не се доволни“: Мајка на тинејџери порачува дека времето со децата лета брзо

„Еден ден сè ќе заврши. Некако ниту 20 години не се доволни“: Мајка на тинејџери порачува дека времето со децата лета брзо

Мисти Брувер Ли преку емотивен текст допира до срцата на сите родители на мали деца.

Познатата блогерка, која има две деца - тинејџери, им порачува на мајките и татковците да ги впиваат и да ги ценат сите моменти додека децата се мали, бидејќи времето лета и брзо ќе дојде денот кога ќе треба да ги пуштат да чекорат сами во животот.

Мисти Брувер Ли

Прочитајте го:

Кога ќе ни се роди првото дете, често зборуваме за предизвиците на родителството, борбите кога бебето се буди во текот на ноќта, за малото дете кое не сака да спие во својот кревет, за трошоците поврзани со грижата за детето, повредите од спортот...

За тоа што мораме да излегуваме од работа за да ги земеме од училиште кога не се чувствуваат добро, што им помагаме со домашната работа, за хаотичниот дом, куповите со алишта за перење кои никогаш не завршуваат, трошоците за облека за на училиште, за приготвувањето домашни оброци...

Гледаш како нивните очи сјаат на божиќното утро и се обидуваш да ја впиеш магијата на тие моменти.

Ги учиш да спортуваат, брзаш да ги однесеш на тренинг и на натпревари, и патуваш низ целата држава за тие да го играат спортот кој сакаат, без разлика колку исцрпувачки или скапо станува сето тоа.

Животот е толку брз што ретко застануваш да размислиш каков ќе биде крајот на тие денови.

Всушност, тоа не е нешто за кое воопшто можеш да размислуваш.

Го минуваш сето тоа мислејќи дека 18-20 години се долго време.

Потоа, одеднаш, часовите се претвораат во денови, деновите во месеци, месеците во години.

Малата личност која порано се тркалаше во креветот до тебе и се гушкаше додека гледавте цртани, одеднаш станува една млада личност која те прегрнува во ходникот додека влегува или излегува низ вратата.

И хаосот и смеата кои порано одекнуваа во твојот дом, се исполнуваат со тишина и самотија.

Си научила како да се грижиш за дете кое има потреба од твојата грижа и заштита, но немаш поим како да го пуштиш да оди по свој пат.

Па, го држиш најцврсто што можеш, се прашуваш како времето помина толку брзо и се чувствуваш виновна дека нешто си пропуштила.

Бидејќи, иако имаше 20 години, тоа сега не ти изгледа доволно.

Па, започнуваш да си поставуваш многу прашања.

Дали ги научи на правилните лекции?
Дали им читаше доволно книги додека беа мали?
Дали поминуваше доволно време играјќи со нив?
Колку школски забави мораше да пропуштиш?
Дали тие знаат колку многу ги сакаш?
Што можев да направам подобро како родител?

Кога ќе дојде време за да си одат, сето тоа те удира како тон тули.

И сè што можеш да направиш е да се молиш, да се надеваш и да веруваш дека Бог ќе ги штити додека тие започнуваат да чекорат сами во светот.

Родителството е најубавото искуство во животот, кое на моменти те прави пресреќна, додека во други ти го крши срцето.

Но, едно е сигурно: Времето никогаш не е доволно.

Па, за сите родители на мали деца кои деновите ги поминуваат обидувајќи се да сфатат како да преживеат во лудилото, во исцрпувачките денови....

Впивајте го секој момент.

Бидејќи, еден ден, сите тие луди денови исполнети со цртани филмови, гушкања, преспивања, магични божиќни утра, игри со топка, тренинзи и доцни вечери...

Сè ќе заврши.

А тебе ќе ти остане да се надеваш дека направи доволно правилни работи дека кога тие ќе ги рашират крилјата...

ЌЕ ПОЛЕТААТ!

Мисти Брувер Ли Мисти Брувер Ли Мисти Брувер Ли Мисти Брувер Ли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.