Почетна » Новости » Занимливости » Еве која е просечната возраст на која мажите и жените за првпат стапуваат во брак во Македонија

Еве која е просечната возраст на која мажите и жените за првпат стапуваат во брак во Македонија

Како што изминуваат годините, сè повеќе се зголемува возраста на која мажите и жените за првпат се одлучуваат да запливаат во брачните води.

Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, жените во Македонија за првпат стапуваат во брак на просечна возраст од 26,9 години, додека мажите на 29,6 години.

Пред десет години, просечната возраст за стапување во брак била 24,7 за жените и 27,7 за мажите.

Свадба

Имено, во 2018 година, најголем број бракови (4.446) се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години, и кај мажите најголем број бракови (4.999) се склучени во истата старосна група.

Бројот на склучените бракови во 2018 година, во споредба со претходната година е намален за 2,1% и изнесува 13.494 склучени брака. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93% за жените и 91,8% за мажите. Во втор брак почесто стапуваат мажите, односно со учество од 7,7% од вкупниот број склучени бракови, а во трет брак со учество од 0,5%.

Бројот на разводи во 2018 година бележи намалување од 18.8% во споредба со 2017 година и изнесува 1.620 разведени бракови. Според траењето на бракот, најголем број разводи се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.