Почетна » Новости » Занимливости » Еве зошто НЕ ТРЕБА да го носите бебето во кенгур додека готвите

Еве зошто НЕ ТРЕБА да го носите бебето во кенгур додека готвите

Многу мајки ги ставаат своите малечки во кенгур за да имаат слободни раце додека ги извршуваат домашните обврски. Но, една мајка го сподели своето искуство за да ја подигне свеста кај родителите дека оваа практика треба да биде изоставена за време на готвење во кујната.

Моли Лендис сподели дека постојано ја носела својата новородена ќерка во кенгур додека приготвувала јадења. Но, откако ѝ се случил ужасен инцидент, таа не само што си ветила дека тоа нема да го прави никогаш повеќе, туку и ги предупредува другите мајки за опасностите за нивните деца.

Прочитајте ја нејзината објава:

Моли Лендис

Обично не објавувам вакви нешта, ниту лични информации, но откако ја споделив мојата приказна со блиска пријателка, таа ме притисна да ја споделам случката.

Во вторникот, ми се случи несреќа при која грејачот од шпоретот експлодира и фрли пламен во моите лице, врат и гради. Ова предизвика отворени рани и изгореници на моите лице, врат и гради. Да, ужасно е и болно, но не можам да престанам да мислам колку голема среќничка всушност сум.

Како нова мајка, често го носам моето слатко 4-неделно бебе во кенгур (сите знаме колку многу посакуваме да имаме слободни раце особено со бебе кое постојано има потреба од нешто)... Таа вечер конкретно, ангел чувар внимаваше на мене и на моето бебе, бидејќи за првпат во нејзиниот живот таа заспа во релаксаторот и не ја носев додека бев во кујната.

Најлошите изгореници ми се на градите, точно на местото каде што ќе беше поставено нејзиното скапоцено мало главче доколку беше во својот кенгур.

Целта на мојата порака е да ве замолам да бидете внимателни со активностите кои ги правите додека го носите вашето бебе! Откако ова ми се случи, многу мајки ми рекле: „Леле, јас постојано го правам тоа...“. Никогаш не помислуваме дека тоа може да ни се случи нас и јас никогаш не помислував дека ова може да ми се случи мене. Многу сум благодарна што таа не беше во близна на експлозијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.