Почетна » Новости » Занимливости » „Драги мајки, на вашите деца не им е гајле дали сè е совршено на Божиќ. Тие ќе се сеќаваат на вашата љубов и топлина“

„Драги мајки, на вашите деца не им е гајле дали сè е совршено на Божиќ. Тие ќе се сеќаваат на вашата љубов и топлина“

Кали Кристенсен е авторка, мајка на две деца, сопруга и поранешна учителка, која преку своите текстови ги потсетува мајките за нештата кои се најважни за децата.

Во својот најнов текст, Кали опишува дека најмалите не се грижат за совршените декорации во домот и дека не им е важно дали божиќните подароци се прекрасно завиткани. Наместо тоа, таа посочува дека за децата најважна е љубовта и топлината од родителите, како и заедничките моменти на споделување среќа и насмевки.

Дете

Прочитајте го нејзиниот текст во целост:

Вашите деца не се грижат за тоа дали сè е совршено на Божиќ.

Ним не им е гајле дали подароците се совршено завиткани со панделки или се во обични кутии.

Ним не им е гајле за декорациите или како изгледа куќата.

Веројатно и не им значи многу ни што има за вечера. Дали ќе јадат семеен традиционален оброк или макарони со сирење.

Не им е гајле дали сите ќе бидете облечени во складни пижами, дали ќе носат божиќни пижами или ќе бидат истите пижами кои ги носеле пред 4 месеци.

Не им е важно дали ќе биде направена совршената фотографија. Тие веројатно ќе преферираат да не се направи никаква.

Тие нема да се сеќаваат дали новогодишната елка е голема или мала.
Всушност, можеби претпочитаат мала елка за да можат малку подобро да ја видат ѕвездата на врвот.

Но, знаете ли на што ќе се сеќаваат?

Тие ќе се сеќаваат на вашата љубов и топлина.
Ќе се сеќаваат дали бевте среќни што минувавте време со нив.
Ќе се сеќаваат како ја прифаќавте спонтаноста.
Ќе се сеќаваат на заедничките насмевки.
Ќе се сеќаваат на топлината од вашите гушкања.

Па, опуштете се овој Божиќ.
Впушете се во љубовта.

И сетете се дека Исус се роди во шптала, со сено и многу несовршености.
Но... полн со радост.

Затоа седнете и уживајте во несовршеностите оваа година.
И релаксирајте се во едноставната љубов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11449 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.