Почетна » Новости » Занимливости » „Драга моја тинејџерке, јас ќе бидам токму тука и ќе те чекам да ми се вратиш, како што мајка ми ме чекаше мене“

„Драга моја тинејџерке, јас ќе бидам токму тука и ќе те чекам да ми се вратиш, како што мајка ми ме чекаше мене“

Мајка со емотивен текст за нејзината ќерка тинејџерка нè потсетува дека децата растат брзо и дека секое од нив стигнува до момент кога сака да биде самостојно. Тогаш, на мајките им останува надежта дека нивното дете пак ќе се врати кај нив, каде ќе биде дочекано со раширени раце.

Прочитајте го текстот на Витни Флеминг, во кој несомнено ќе се пронајдете.

Тинејџерка

Промената беше бавна и незабележлива.

Прво, малку ми се оттргна кога те прегрнав додека излегувавме од продавницата. Следно, вратата од твојата соба започна нежно да се затвора секојпат кога ти ќе влезеше во неа. Потоа, сакаше да одиш почесто на гости кај пријателките отколку што сакаше да играш игри или да гледаш филм или да пиеш топло чоколадо со мене.

Знам дека тоа треба да биде очекувано. Знам дека ова е дел од процесот на растење, но тешко ми е да не тагувам по деновите кога јас бев центарот на твојот универзум. Пред само една минута, кога и да те оставев некаде, ти се влечеше за моите панталони и твојата омилена активност беше да шеташ пред мојот плакар со моите омилени црни кожени салонки.

Сега тие чевли се премали за твоите стапала, а твоите вештини за средување на косата и за шминкање ги надминаа моите. Не ти требам јас за да ти одберам што да облечеш или да ти помогнам да ги земеш житарките од најгорната полица или да ти ги исечам корките од лебот. Повеќе не ми ја држиш раката на паркингот и не се појавуваш крај мојот кревет наутро.

Парче од моето срце се крши секојпат кога ќе се оттргнеш од мене.

Понекогаш си толку желна за самостојност што ми е тешко да не посакам да те фатам за рака и да те држам макар уште една секунда. Ме потсетуваш на тоа кога ја ставаш косата зад увото или која воздивнуваш на најобичните прашања за училиштето.

Понекогаш намерно си сурова и ме удираш во грлото. Како кога коментираш дека вечерата не била по твој вкус или кога ми ги превртуваш очите кога ќе се обидам да кажам шега пред твоите пријатели.

Но, гледањето како растеш во твојата прекрасна кожа е толку неочекуван дар, извонреден извор на болка и радост кој никогаш немаше да го разберам пред да го доживеам.

Бликам од радост додека се справуваш со училиштето, со другите екстра училишни активности и со сите твои страсти со ентузијазам кој не ни знаев дека е возможен. Восхитена сум од сочувството кое им го нудиш на другите до бесконечност. Обожавам да гледам колку си способна да се грижиш за себе и колку расте твојата самодоверба.

Се оттргнуваш од мене на секој можен начин и тоа ме боли повеќе одошто тебе. Тоа предизвикува очигледна тензија меѓу вас, војна на која не ѝ се гледа крајот.

Јас сум лакома за казни, исто како и секоја друга мајка. Постојано те прашувам како ти поминал денот иако знам дека ќе добијам само мрморење или само едно „Добро“. Те канам набрзина да седнеме во кафетерија иако знам дека попрво би пишувала на телефон со твоите пријатели или би го завршувала домашното. Сè уште те прашувам дали сакаш ужина додека учиш иако знам дека можеш да си земеш сама.

Знам дека одговорот почесто ќе биде „Не“ одошто „Да“, но јас прашувам повторно и повторно. Бидејќи има нешто што треба да го знаеш, слатко девојче.

Најчесто ќерките се враќаат кај нивните мајки дури и откако ќе избегаат од нив.

Го знам тоа, бидејќи и јас бев ќерка некогаш. Речиси преку ноќ се променив од личност која чувствува дека мајка ѝ ѝ дише во вратот во личност на која мајка ѝ ѝ е најдобра и најдоверлива пријателка. Знам дека сега ти е тешко да си го замислиш тоа, но тоа е вистината.

И покрај начинот на кој ја третирав во тинејџерските години, и покрај тоа што ја туркав подалеку од мене и ги одбивав нејзините нежности и верував дека таа ме спречува, таа трпеливо ме чекаше да ѝ се вратам. Исто како што и јас ќе те чекам тебе.

Бидејќи нашата приказна е стара колку времето, драга ќерко, и додека ти ги сечеш конците кои сè уште нè поврзуваат, јас очајно ќе се држам за оние малку што остануваат.

Ќе се држам за надежта дека еден ден, во не толку далечна иднина, ти ќе ми се вратиш.

Ќе се вратиш на местото каде јас ќе те чекам со раширени раце. Бидејќи тоа е она што го прават мајките за нивните ќерки кои ги минуваат тинејџерските години во потрага по нивната слобода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.