Почетна » Новости » Занимливости » „Драга мамо, не знаев колкаво парче од твоето срце сум јас додека моите бебиња не зедоа делче од моето“

„Драга мамо, не знаев колкаво парче од твоето срце сум јас додека моите бебиња не зедоа делче од моето“

Кели Бачара е блогерка која привлекува бројни обожаватели со своите текстови и совети.

Како мајка на две деца, таа постојано се инспирира од својот живот при создавањето на своите колумни.

Мајка и ќерка

Еден од своите текстови, Кели ѝ го посвети на мајка си. Прочитајте го:

Драга Мамо,

Има толку многу нешта кои не ги знаев за тебе и толку многу нешта кои не ги забележував додека растев со тебе.

Но, сега го гледам тоа.

Не знаев од колку многу мали удобности и погодности се откажуваше за мене. Не сфаќав дека ти се тушираше со ладна вода за јас да имам топла вода. Или дека секогаш ја делеше својата храна – дури и кога беше гладна – бидејќи јас ќе ти побарав. Ти секогаш ми го даваше најубавото залче или поголемата половина. Или како секогаш ми ја даваше твојата перница додека патувавме со автомобил, дури и кога сакаше ти да ја користиш. Ми дозволуваше да спијам на твоето рамо, дури и ако не ти беше комфорно.

Не знаев колку многу се грижеше за мене. Не сфаќав дека кога ќе се разболев, ти се преплашуваше. Или дека во главата ќе ти се вртат можните последици ‘што ако’. Не знаев дека толку многу размислуваше за мојата безбедност. Немав појма колку застрашувачки е овој свет кога твоето бебе живее во него.

Не знаев колку многу требаше да му веруваш на Бог, бидејќи загриженоста може да те полуди.

Не знаев колку твојот ден се вртеше околу моите потреби и желби. Како требаше да планираш и организираш сè. Сите оброци, носења и земања од школо, игрите со другарчињата. Едвај имаше време за себе, но дури и кога имаше, ти недостигав.

Не знаев дека срцето ти се кршеше секојпат кога беше скршено и моето. Не бев свесна дека тоа што ме гледаш повредена, беше неверојатно болно и за тебе. Не знаев дека беше погодувана од моите емоции речиси исто силно колку и јас.

Не знаев колку многу сакаше да ми дадеш добар живот. Како сè што правеше, правеше за јас да можам да бидам среќна.

Не знаев мамо, дека ти во секунда би жртвувала сè – вклучувајќи го и твојот живот – за мене.

Не ги знаев сите овие нешта сè додека и самата не добив свои бебиња. Не знаев колкаво парче од твоето срце сум јас додека моите бебиња не зедоа делче од моето.

Но, сега можам да видам сè толку јасно.

И сега, кога сум мајка, има нешта кои сфатив дека не ги знаев.

Не знаев колку многу ќе ми требаш кога и јас ќе станам мајка.

Не знаев дека кога моето дете ќе се разболи, јас ќе се чувствувам подобро кога знам дека си покрај мене. Бидејќи ти ќе знаеш што да направиш, исто како што правеше со мене.

Не го сфаќав олеснувањето кое ќе го чувствувам кога доаѓаш за да ми помогнеш со децата.

Не сфаќав дека тешко ќе биде да им ги доверувам децата на други луѓе, но е многу лесно да ти ги доверам тебе.

Не сфаќав дека ти пак ќе бидеш личноста кај која ќе трчам за поддршка, дури и откако ќе станам мајка.

Не знаев дека дури и кога се обидувам да бидам силна, прегратката на мама ќе ме натера да заплачам.

Не знаев дека ти сè уште ќе бидеш моето безбедно место и една од најважните личности во мојот живот, мамо. Не само како дете, туку засекогаш.

Но, сега знам и благодарана ти сум засекогаш.

Знам дека тогаш не го кажував доволно често, бидејќи едноставно не знаев... но, ти благодарам што си најдобрата мајка.

Со љубов,
твојата ќерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.