Почетна » Новости » Занимливости » Докторите велеле дека нема да преживее, сега е позитивна тинејџерка и со бионички раце снима мејкап туторијали

Докторите велеле дека нема да преживее, сега е позитивна тинејџерка и со бионички раце снима мејкап туторијали

Запознајте ја првата тинејџерка во Велика Британија со бионички раце.

Тили Локи е инспиративна девојка која не дозволува отсуството на горни екстремитети да ја спречи да прави сè како и луѓето кои имаат раце. Таа снима мејкап туторијали и шири позитивност преку социјалните мрежи, докажувајќи дека е „кул да си различен“.

Видео

Тили ги изгубила рацете кога имала само 15 месеци како последица на менингитис. Кога била однесена на болница, докторите му рекле на нејзиното семејство дека тоа е еден од најлошите случаи кои ги виделе.

„Дојде една жена и ми рече дека треба да седнам. Потоа додаде: ‘Мислиме дека ќерка ти ќе умре’“ – раскажува мајката на Тили.

Рацете на малото девојче морало да му бидат ампутирани со цел да се спаси нејзиниот живот.

„Барем беше жива. Си реков ќе ѝ го дадам најдобриот живот кој може да го има“ – рекла мајката.

Тили Локи Тили Локи Тили Локи

Во 2016 година, Тили стана првата тинејџерка во Велика Британија која добила пар бионички раце.

„Рацете се контролирани преку мускулни сензори, па што и да правам со моите мускули, можам да ги контролирам прстите. Ако ги стегнам моите мускули, тие ќе се соберат, ако ги опуштам, тие ќе се отворат“ – вели Тили.

Тили Локи Тили Локи Тили Локи

Сега, 14-годишната девојка секојдневно докажува дека да имаш хендикеп не значи да се срамиш од него, туку да се гордееш, бидејќи тој те прави уникатна личност.

„Мислам дека треба да се гордееш ако имаш хендикеп, бидејќи не си како сите други. Уникатна си и тоа е твојата карактеристика. Сакам да им покажам на луѓето дека е ОК да се различни, дека речиси е кул да се различни. Сакам што повеќе луѓе да ги убедам во тоа“ – вели Тили.

Тили Локи Тили Локи

„Кога започнав да објавувам мејкап туторијали на YouTube луѓето мислеа дека тоа е импресивно и сакаа да видат уште повеќе. Не сакам луѓето да ме сожалуваат“ – додава таа.

Тили Локи Тили Локи Тили Локи Тили Локи

„Секогаш кога ќе ја погледнам Тили, без разлика дали ги носи рацете или не, секогаш се гордеам и се инспирирам од неа, секој ден“ – вели мајка ѝ.

Тили Локи Тили Локи Тили Локи

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.