Почетна » Новости » Животни стории » „Таа е како мене мамо“: Специјална кукла насмеа девојче кое ги изгуби рацете и нозете

„Таа е како мене мамо“: Специјална кукла насмеа девојче кое ги изгуби рацете и нозете

Мало девојче, кое ги изгубило рацете, нозете и дел од носот поради менингитис Б, повторно се смее откако доби специјална кукла како него. По повод претстојниот трет роденден, Хармони-Роуз Ајви Ален како подарок од родителите доби кукла со протетички раце и нозе.

„Мамо, таа е иста како мене“ – со радост ѝ рекла на мајка си Хармони по добивањето на подарокот. Бидејќи Хармони никогаш немала видено друго лице со четири ампутирани екстремитети, куклата ѝ била еден вид доказ дека таа не е сама и дека има и други лица како неа.

Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален

Хармони-Роуз Ајви Ален имала само 11 месеци кога нејзините родители ја одвеле во болница поради менингитис. Таа веднаш била поставена на апарати, а нејзиниот случај бил еден од најлошите кои докторите во болницата некогаш ги виделе. Иако му дале само 10% шанси за преживување, храброто девојче немало намера да се откаже од животот.

Хармони поминала низ ампутација на четирите екстремитети само 10 дена по правењето на првите чекори и бројни денови во болница, но продолжила да се бори. И успеала да ја победи болеста. Во ноември минатата година, Ајви ги добила своите први протетички екстремитети и е на добар пат да ги направи првите самостојни чекори со нив.

Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален

Специјално направената кукла ѝ била награда од родители за храброста. „Куклата се вика Ребека и таа ја обожава и вели: Таа е како мене мамо. Куклата ќе ја поттикне Хармони да ги користи своите протетички нозе зашто во моментов ги гледа како пречка, а не како нешто што може да ѝ биде од помош. Таа никогаш не сретнала друго лице со четири ампутирани екстремитети, па прекрасно е да ѝ се покаже дека тие постојат“ – вели мајка ѝ.

„Хармони е пресреќна. Мислам дека тие ќе бидат најдобри пријателки“ – додава таа.

Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален Хармони-Роуз Ајви Ален

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.