Почетна » Новости » Занимливости » Дизајнерка им ги модернизира венчаниците на невестите кои им се наследство од мајките

Дизајнерка им ги модернизира венчаниците на невестите кои им се наследство од мајките

Дали би ја носеле венчаницата од вашата мајка на вашиот специјален ден? Па, зошто да не, кога со одредена модификација, истата може да добие модерен изглед.

Ловел Феј е дизајнерка која им помага на невестите да ги искористат венчаниците кои им се наследство од претходните генерации. Користејќи ги своите вештини, таа ги прекројува фустаните, адаптирајќи ги на новото време.

Ловел Феј Ловел Феј

За некои невести кои ги изгубиле своите сакани мајки, венчаниците имаат сентиментално значење.

„На некои невести кои доаѓаат кај мене мајката им е почината и би им значело сè на светот ако можам да го инкорпорирам фустанот од свадбата на мајка им во нивниот свадбен ден“.

„Сите мои невести со возбуда чекаат да ги видат дизајнерскиот процес на реконструкција на венчаницата која им е наследство. Добиваат можност да претворат ‘нешто старо’ во ‘нешто ново’“ – вели Феј.

Ловел Феј

„Една невеста дојде кај мене со фустанот на мајка ѝ кој беше извезен. Тоа за мене беше кул, па од него направив комбинезон, кој многу ми се допадна“ – објаснува Ловел за една од своите клиентки.

Ловел Феј

„Многу е специјално што невестите ми веруваат дека можам да претворам нешто старо во нешто ново. Кога ќе ги видам нивните свадбени фотографии и нивните реакции, навистина мислам дека сум создадена да го правам ова“ – додава таа.

Ловел Феј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.