Почетна » Новости » Занимливости » Детенце со неизлечива болест се исправи на нозе и го гушна принцот Хари

Детенце со неизлечива болест се исправи на нозе и го гушна принцот Хари

Принцот Хари знае како да ги шармира децата.

На овогодишното доделување на наградите „WellChild“ во Лондон, 32-годишниот член на британското кралско семејство оддели време за да позборува со најмалите учесници на настанот кој ги слави инспиративните квалитети на сериозно болните деца од Велика Британија и на лицата кои се грижат за нив. Едно од терминално болните дечиња дури и му подари прегратка на шармантниот принц.

Принц Хари

Малиот Оли Карол страда од ретко генетско заболување за кое сè уште не е пронајден лек. Оли веќе ја има загубено способноста за одење и за контролирање на екстремитетите, и за жал, малку по малку тој ќе започне да ја губи способноста да гледа, да јаде и на крајот да дише.

Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари

Мајката на детенцето подоцна објаснила дека било вистинска реткост Оли да прегрне некого и дека прегратката била поради добриот однос на Хари кон нејзиниот син.

„Оли не е свесен кој е Хари, но реагираше инстинктивно на начинот на кој тој зборуваше и комуницираше со него. Тој е брилијантен со деца и многу природен. Тој беше привилегиран, бидејќи Оли не може да ги користи нозете, но ја искористи својата сила за да стои и да го прегрне. Бев многу горда на Оли и на Хари. Ме трогна тоа што тој оддели време за да поразговара со Оли. Дури знаеше и за сестрата на Оли, Амелија, која исто така ја има болеста. Беше неверојатно“ – рекла мајката Луси.

Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари

Видео

Добротворната организација „WellChild“, чиј покровител е принцот Хари, им помага на сериозно болните дечиња и на нивните семејства, како и на децата кои се принудени да живеат на болница поради немање на друга опција.

Принц Хари Принц Хари Принц Хари Принц Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.