Почетна » Новости » Занимливости » Девојче со церебрална парализа се радува на првата лулашка за деца во инвалидски колички во инклузивен парк

Девојче со церебрална парализа се радува на првата лулашка за деца во инвалидски колички во инклузивен парк

Инклузијата е важна и сите треба да придонесеме кон нејзина примена. Гратчето Сент Чарлс во Мисури се бори токму за тоа.

Во нивниот инклузивен парк беше направена лулашка за деца во инвалидски колички.

Малата Далас, која има церебрална парализа, имаше можност да ужива во овој парк и конечно да се чувствува како сите други деца.

Радоста на нејзиното лице и искрената насмевка кога се качува на лулашката, не се опишуваат со зборови.

Погледнете видео:

@discoverwithdallas Replying to @miracleeei More inclusion equals more happiness in this #wheelchair #swing #inclusion #cerebralpalsy ♬ original sound - Louis III

„Драги луѓе од Сент Чарлс кои го направивте ова. Не ве познавам, но погледнете што направивте.“

„Ѝ подаривте чиста радост на ќерка ми Далас. Ѝ дадовте момент во кој ќе може да се чувствува како сите деца во паркот, наместо да седи настрана и да гледа. Ова беше првпат да видиме нешто вакво и знам дека за ова ќе се зборува со денови.“

„Ви благодарам што ги вклучувате децата со физички попречености кои сакаат да играат исто како и сите други деца, но не можат, бидејќи светот не е дизајниран за нив“ – пишува мајката на Далас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.