Почетна » Новости » Занимливости » Девојче со алопеција рекло дека не се сака себеси зашто е ќелаво, постапката на таткото е за почит

Девојче со алопеција рекло дека не се сака себеси зашто е ќелаво, постапката на таткото е за почит

Откако Рајли Силварија, која страда од алопеција, им признала на родителите дека не се чувствува убава поради тоа што нема коса, нејзиниот татко веднаш знаел што треба да направи.

Тој си ја избричи главата, за да ѝ покаже на ќеркичката дека ќелавоста е убава и дека треба да се сака себеси онаква каква што е.

Рајли

Во видео, кое го објави мајката, Рајли со насмевка го гледа татко си Дејв додека тој си ја стрижи косата.

Погледнете го и видеото во кое тажното девојче им кажува на родителите како се чувствува.

Мајката опиша како се стигнало до потстрижувањето: „Со оглед на тоа што ни е годишнина од бракот, ќе споделам една од многуте причини поради кои го сакам мојот сопруг... Се двоумев дали да го споделам ова, но ми го топи срцето... Вчера, се шегував со Рајли и ѝ ги набројував сите кои ги сакам... ‘Ја сакам Рајли, го сакам Гевин, го сакам Грејсон итн’. Рајли ме погледна и ме праша: ‘А се сакаш себеси?’ Веднаш реков: ‘Се разбира дека се сакам, секогаш треба да се сакаш себеси! Ти се сакаш себеси?’ И таа одговори нежно ’не’.... ‘Не се сакам себеси, бидејќи немам коса!’ Кога таа вечер се вративме дома, Дејв сакаше да поразговара со неа за она што таа го рече... ова беше резултатот. Го САКАМ овој маж со целото мое срце.“

Рајли понекогаш носи перика, но мајка ѝ и татко ѝ прават сè што е во нивна моќ за таа да се прифати и сака себеси. „Сакаме да знае дека во ред е понекогаш да се вознемири, но да запомни дека е силна и убава, без оглед на сè“ – изјавиле родителите.

Рајли Рајли Рајли

Рајли има три помали братчиња.

Рајли Рајли Рајли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.