Посветеноста на Сејди Келер да усреќи дечиња кои се борат со рак е вистинска илустрација на несебичноста и човекољубието.
10-годишното девојче кое извојува победа во тригодишната битка со леукемијата, веќе три години собира играчки и секој Божиќ ги донира во детски болници. Годинава, бројката на играчките спремни за донација е импресивна – Сејди успеа да собере над 10.000 играчки.


Сејди ја добила страшната дијагноза во 2015 година. „Седеше во мојот скут и ми шепотеше во увото: ‘Мамо, дали ќе умрам?’ Хистерична бев и секако дека реков: ‘Не, душо, нема да умреш’, но длабоко во себе не бев сигурна“ – раскажува мајката на девојчето.
Хемотерапијата била искучително тешко искуство и токму затоа Сејди посакала да им помага на дечињата кои се соочуваат со истите тешкотии како неа. Била основана фондација која го носи името на малечкиот херој, а првата година биле собрани 1.300 играчки донирани од луѓе ширум САД. Играчките биле потоа дистрибуирани до дечиња болни од рак како божиќни подароци.
Истото било повторено и во 2016 година, кога биле собрани околу 5.000 играчки, а годинава бројката достигна рекорд – 10.323 играчки биле испратени за да ги израдуваат болните деца и да им го разубават најубавиот период од годината.






Иако Сејди е веќе здрава, таа вели дека ја растажува тоа што има деца кои мораат да го поминат Божиќ во болница. Луѓето не смеат да забораваат на нив, а најдобар начин да им се помоге и да им се разведри болничкото секојдневје е преку ширење радост и топли божиќни изненадувања. „Ми се допаѓа кога им помагам на луѓето“ – вели малечкиот филантроп од кој светот има многу да научи. А за тоа дека мисијата на Сејди да ги израдува дечињата е успешна, сведочат фотографиите на кои се гледаат искрените детски насмевки.







