Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со Даунов синдром го претвори своето хоби во бизнис откако била одбиена на сите интервјуа за работа

Девојка со Даунов синдром го претвори своето хоби во бизнис откако била одбиена на сите интервјуа за работа

Девојка со Даунов синдром си ја претвори страста за правење колачиња во профитабилен бизнис откако била одбиена на секое интервју за работа на кое се пријавила. Таа сега го менува светот, се залага за лицата со попреченост и им отвора можност да работат во нејзината компанија.

Колет Дивито Колет Дивито

Колет Дивито се обидувала да се вработи по завршувањето на специјалната програма на универзитетот „Клемсон“, но никој не сакал да ѝ даде можност самостојно да заработува.

„Многу години, многу луѓе ѝ ја затвораа вратата“ – рекла мајката Розмари и додала дека Колет со години барала работа.

„Кога и да одеше на интервју, само ќе ѝ напишеа дека е одлично што ја запознале, но дека не била најдобар кандидат“ – објаснила Розмари.

Неможноста да најде работа ја погодувала Колет, но таа не дозволила тоа да ѝ ги сруши соништата.

„Добивав мејлови во кои пишуваше дека не сум соодветен кандидат. Тоа е вознемирувачко. Чувствував дека навистина сакам само да се стуткам на креветот и да плачам“ – рекла 32-годишната бизнисменка која има продадено повеќе од половина милион колачиња од 2016 година наваму.

„Од мала сакав да готвам. Многу сум добра во готвењето и тоа ме усреќува. Моите колачиња се многу вкусни“ – рекла таа.

Колет Дивито Колет Дивито Колет Дивито

Колет не само што создаде свој бизнис, туку постојано отвора нови можности за работа за лицата како неа. Половина од нејзините вработени се со попреченост, а дел од профитот од бизнисот оди во добротворни цели.

„Навистина сакам да им помогнам на луѓето кои имаат попреченост и не можат да си најдат работа. Дури 85% од лицата со попречености се невработени и не можат да си најдат работа. Знам точно како изгледа тоа, бидејќи и јас бев една од тие личности кои не можат да си најдат работа“.

„Ова ме инспирира. Неверојатно е да им помагам на луѓето“ – вели таа.

Колет Дивито Колет Дивито

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.