„Бев девојката која мојот бивши не ја сакаше, па затоа станав девојката која не можеше да ја има“ – вака инспиративната Џоси го започнува видеото за нејзиното слабеење.
Одлучната девојка ослабела 64 килограми и речиси ја преполовила својата тежина откако нејзиното момче раскинало со неа два дена по Нова година. Во тој момент, таа тежела 137 килограми.



Разделбата со бившиот во 2018 година бил преломниот момент за Џоси.
„Моето патување со слабеење започна како одмазда за да му вратам на бившиот, но патем сфатив дека ова не е за него. Ова е за мене“ – вели таа.




Пред почетокот на трансформацијата, Џоси јадела сè што ќе посакала и воопшто не се грижела за изгледот и здравјето, но сега нејзините навики се сосема поразлични. Таа редовно тренира и следи строг режим на исхрана.
Резултатите се неверојатни.





Неодамна Џоси за првпат облекла бикини, а моментот бил снимен. И покрај овиснатата кожа, Џоси се чувствува одлично.
„Мораме да ги нормализираме нормалните тела. Во ред е да имаш висната кожа на рацете, во ред е ако внатрешноста на бутовите ти е овисната. Во ред е, затоа што си убава и тоа те прави различна. Ако ја имам старата ‘јас’ пред себе би ѝ кажала дека ќе биде во ред“ – вели таа.


