Почетна » Новости » Занимливости » Девојка која ја изгубила ногата поради рак не дозволува хендикепот да ја спречи да има големи соништа

Девојка која ја изгубила ногата поради рак не дозволува хендикепот да ја спречи да има големи соништа

Секоја личност е убава на свој начин, а Џесика Квин е на мисија да му го покаже тоа на светот. Самоуверената Австралијка ја изгубила својата нога на 9 години како последица на битката со рак на коските (остеосарком), но не дозволува тоа да ја спречи да биде модел и атлетичарка.

Џесика неодамна ја сними својата прва фотосесија, а со фотографиите привлече големо внимание на Instagram каде ја следат 60 илјади обожаватели. Сепак, главна преокупација ѝ се тренинзите за кондиција. 23-годишната девојка си има поставено цел до крајот на годината да истрча трка од 10 километри.

Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин

Иако сега чекори низ животот со насмевка и исправена глава, Квин признава дека ѝ било потребно долго време да се прифати себеси онаква каква што е и да си ја врати изгубената самодоверба.

„Ги поминав годините како адолесцент, прашувајќи се со што го заслужив тоа и зошто баш јас. Сакав толку многу да бидам како моите пријатели, да трчам безгрижно низ светот. Ми требаше многу време за да сфатам што преживеав. Мојот живот се промени кога пронајдов самодоверба во себе, кога престанав да ја кријам мојата протетичка нога и започнав да ја истакнувам. Сфатив дека луѓето не зјапале во мене на злонамерен начин, туку дека биле интригирани“ – вели таа.

Џесика КвинЏесика додека се борела со ракот има само 18 килограми: „Ова е само потсетник дека колку и да е тешка ситуацијата, треба да имате насмевка на лицето. Од вас зависи дали ќе пронајдете убавина во најлошите денови.“

Џесика често им се заблагодарува на своите родители што останале позитивни и во најтешките мигови и тврди дека тие се заслужни за она што е таа денес.

Џесика КвинЏесика до мајка си: „Не беше секогаш лесно, но јас сум личноста којашто сум поради тебе.“ Џесика Квин

Целта на Џесика е со својата приказна да допре до што повеќе луѓе, не само со хендикеп, туку и до лица кои не веруваат во себе и да им помогне да си ја вратат самодовербата.

Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин

„Сега се чувствувам како вистинска среќничка што имам можност да го направам светот подобро место. Искуството кое го добив и мојата почит кон убавината на животот е нешто кое можеби немаше да го научам пред да биде предоцна. Горда сум со животот кој го живеам, бидејќи се борев толку многу за да го имам. Најубавиот дел е што мојата приказна само што започнува“ – вели Џесика, која пред 6 месеци си поставила цел да истрча 10 километри до крајот на годината.

„Пред 6 месеци, додека работев на мојата стабилност да можам да трчам си поставив цел да истрчам 10 км до крајот на годината, иако тогаш не можев да направам повеќе од 5 чекори. Денес, можам да трчам 600 метри без да застанам. Едно нешто можам да го кажам со сигурност, единствената личност која што може да ве спречи да си ги постигнете соништата сте вие самите. Престанете да си барате изговори. Излезете и направете го тоа“ – пишува таа на Instagram.

Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин Џесика Квин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.