Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со ампутирана нога не дозволува хендикепот да ја спречи да биде модел и ѕвезда на Instagram

Девојка со ампутирана нога не дозволува хендикепот да ја спречи да биде модел и ѕвезда на Instagram

Запознајте ја Паола Антонини, инспиративна девојка која не дозволува ампутацијата на ногата да ја спречи да биде модел.

Позитивната Бразилка постојано привлекува обожаватели на Instagram со прекрасните фотографии и со начинот на кој го прифаќа својот хендикеп. Таа со насмевка на лицето чекори на модни писти, плива, управува скејтборд и максимално го живее животот, и покрај тоа што има само еден долен екстремитет.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

21-годишната девојка, која ја следат повеќе од 600 илјади лица на популарната социјална мрежа за споделување на фотографии, ја изгубила својата нога како последица на повредите при сообраќајна несреќа. Паола била удрена од автомобил управуван од алкохолизиран шофер во 2014 година додека со момчето се подготвувале да заминат на прослава за новогодишната ноќ.

Поради сериозноста на повредите и скршениците, левата нога на Паола била ампутирана од коленото надолу. За жал, само што почнала да се навикнува на својот хендикеп, таа ја добила веста дека ногата мора да ѝ биде ампутирана и над коленото.

„Никогаш во животот не сум почувствувала толку силна болка. Не сакав да погледнам надолу за да видам колку се големи повредите, но знаев дека се сериозни“ – рекла таа, опишувајќи го моментот на несреќата.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

Иако на почетокот на Паола ѝ било тешко да го прифати својот хендикеп, малку по малку научила да се сака себеси онаква каква што е и продолжила да го следи својот сон да биде модел. Таа сака да ги инспирира лицата кои се соочуваат со истата ситуација како неа. „Сакам да бидам пример за другите лица со ампутирани екстремитети“ – вели Антонини, која преку фотографии докажува дека за неа не постојат пречки.

Во коментарите на Instagram таа постојано добива охрабрувачки зборови.

Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини Паола Антонини

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.