Почетна » Новости » Занимливости » Две пријателки создадоа јадливи чаши за кафе кои ќе ја намалат употребата на пластика

Две пријателки создадоа јадливи чаши за кафе кои ќе ја намалат употребата на пластика

Загадувањето со пластика е сериозен глобален проблем, па постојано се работи на изнаоѓање решенија за намалување на употребата на пластиката.

Две пријателки од Австралија измислија јадливи чаши за кафе, кои ќе можат да ги заменат стандардните што се користат за „take away“ пијалаци.

Чашите се создадени од овес и житарки, не го менуваат вкусот на пијалакот, остануваат крцкави 40 минути, а не протекува течноста дури неколку часа.

GoodEdi

Анио и Кетрин објаснуваат дека и во случаите кога чашата нема да биде изедена, таа сама ќе се распадне природно за помалку од две недели.

GoodEdi
GoodEdi

„Работевме заедно две години пред да ја преземеме оваа иницијатива. Навистина сакавме да создадеме нешто со кое ќе направиме разлика и кое ќе има големо позитивно влијание на околината“ – велат основачките на „Good-Edi“.

GoodEdi GoodEdi

На глобално ниво, секоја година се користат по 500 милијарди чаши за една употреба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.