Почетна » Новости » Занимливости » Данијела Мартиновиќ: Сакам да бидам среќна, за сè останато животот е прекраток

Данијела Мартиновиќ: Сакам да бидам среќна, за сè останато животот е прекраток

Разговараме со хрватската изведувачка Данијела Мартиновиќ за нејзиниот живот, за љубовта како мотор на нејзиниот универзум и за настапот во Скопје сити мол на 1 октомври на кој бескрајно му се радува

Во многу прилики во изминатите години настапувавте во Скопје, на што најмногу се радувате при престојот во нашиот град?

Секогаш и одново на самата помисла на Скопје широко се насмевнувам, бидејќи и Скопје и Македонија едноставно ги обожувам. Секој концерт што до сега сум го одржала во Скопје, бил посебен, емотивен и секој поединечно добро го паметам. Највеќе се радувам на средбата со публиката, со која заедно ќе направиме еден убав, прекрасен концерт. Се радувам и на старите пријатели, на храната и на добрата чаша македонско вино. Добро, можеби две, три чаши... :)

Данијела

Каква е македонската публика, дали е иста како и останатата во регионот?

Македонија за мене има посебна душа во сé, а токму таква е и македонската публика, посебна.

Го следите ли регионалниот музички развој, имате ли свој омилен, нов, млад лик на естрадата што го плени вашето внимание?

Морам да признаам дека не пратам со големо внимание сé што се случува, бидејќи има толку многу случувања на дневна основа. Моментно сум преокупирана со толку многу активности што ми одземаат многу време, но кога ќе се појави некој што е исклучителен, тоа многу брзо се дознава. Малата Миа Неговетиќ која победи на Хрватското шоу „Ѕвездички“ е вистински бисер, што веќе го открија и светските продуценти. Иако има само 13 години, пее како готов, оформен изведувач со став, емоција и дигнитет.

Што работите кога не работите, што ве забавува, што ве опушта?

Сакам мир, многу мир, сфатив дека стресот и трката со времето водат само кон хаос, а од хаосот никогаш ништо добро не излегло. Сакам прошетки, море, готвење, читање, вечери и уште многу нешта.

Данијела

Долго сте на сцената, многу настапи и концерти се зад вас. Дали пред две децении мислевте дека толку долго ќе траете и ќе бидете актуелни?

Никогаш не се оптеретував со мисли за тоа колку долго ќе издржам на естрадата. Секогаш ми беше најважно, додека сум онаму каде што сум да бидам најдобра во секој можен аспект; како дама, изведувач, пријателка, како човек и токму поради тоа сум тука каде што сум.

Дали некогаш се чувствувате заморни од пеење, настапи, припреми, шминка, ноќни ангажмани, бескрајни преговори со соработниците?

Последните неколку години цел ритам на работа го прилагодив на себе и сега работам само кога тоа стопроцентно ме прави среќна. Кога ќе почувствувам дека сум уморна, дека батериите ми се празни, дека очите не ми сјаат од задоволство, ставам сé на пауза и земам време за себе. Има само едно нешто што ми е важно и по што креирам баш сé во мојот живот: Сакам да бидам среќна, бидејќи за сé останато животот е прекраток.

Вашиот настап овој пат е во Скопје сити мол. На што сте кревки како дама, кои продавници нема да пропуштите да ги посетите?

Многу сакам козметика, ги сакам сите видови на козметички третмани, обожавам парфеми, чевли, а чантите ми е посебна страст. Сакам да бидам негувана, елегантна и женствена.

Верувајте ми, темелно ќе го „прошетам“ Скопје сити мол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.