Роденденската турнеја на Mercedes-AMG помина низ Скопје и ги одушеви автомобилските ентузијасти.
Припаднички на понежниот пол со огромно љубопитство ги анализираа атрактивните автомобили и ги следеа презентациите на врвни инструктори од Штутгарт.
Во рамките на 24 часа по пристигнувањето во нашата држава, екипата на Mercedes подигна мини зграда и неколку помали објекти и справи за изведување на вежби на специјален полигон на паркингот на аеродромот „Александар Велики“.
Гостинките на настанот имаа шанса да ги испробаат новите електрохибридни модели на Mercedes-Benz, како и моќните AMG модели, а преку практични вежби да дознаат повеќе за безбедното и ефикасно возење, како и за врвните уреди кои овозможуваат полусамостојно управување на возилото.







„Убава можност да се биде дел од оваа историска прослава на 50-годишнината на Mercedes-AMG, спортски автомобилски бренд, чија приказна почнува од една гаража, за денес да биде глобален бренд кој продава над 100.000 возила годишно. За гостите вистинско уживање, бидејќи имаа прилика да ги искусат сите најнови технолошки иновации во делот на безбедноста и интелигентното возење, како и најновите AMG спортски модели со неколку стотици коњски сили“ - изјави Владица Кокаловиќ, маркетинг менаџер во Мак Аутостар.



Јубилејниот 50-ти роденден на Mercedes-AMG беше одбележан и со создавањето на специјален модел. Станува збор за Mercedes-AMG GT C Edition 50, кој несомнено привлекуваше најмногу погледи.









































