Почетна » Новости » Занимливости » Д-р Михајловска со потресна фотографија од колона амбулантни возила: Да не бидеме „Италија на Балканот“!

Д-р Михајловска со потресна фотографија од колона амбулантни возила: Да не бидеме „Италија на Балканот“!

Медицинските лица од нашата држава, кои со сите сили се обидуваат да го ублажат ударот од коронавирусот, неуморно апелираат да се почитуваат препораките.

По 24-часовно дежурство во истоштувачки услови за работа со целосна заштитна опрема, д-р Марија Михајловска упати силна порака до сите нас.

Со загрижувачка фотографија од колона амбулантни возила кои превезуваат пациенти до Општата градска болница „8-ми септември“, таа предупредува да бидеме многу претпазливи и да не ги игнорираме препораките.

Д-р Марија МихајловскаД-р Марија Михајловска Колона

Министерот Венко Филипче предмалку потврди дека 11 здравствени работници токму од болницата „8-ми септември“ се заразени со коронавирусот SARS-CoV-2.

Да не останеме глуви на апелите! Да им помогнеме на медицинските херои. Да ја покажеме благодарноста за нивната макотрпна работа и несебичното жртвување со едноставно почитување на клучните препораки за заштита!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8895 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.