Почетна » Новости » Занимливости » Група за детска атлетика во аеробик центар при С.Ц. Јане Сандански

Група за детска атлетика во аеробик центар при С.Ц. Јане Сандански

Од огромно значење е децата од најрана возраст да започнат да се занимаваат со спорт. Спортот придонесува за здрав физички развој, силни коски и мускули, намален ризик од прекумерна тежина, подобрување на рамнотежа, координација и флексибилност, подобрување на концентрација, намален стрес и ризик од стрес, депресија и анксиозност, поголема самодоверба и самопочит, можност за запознавање нови пријатели и чувство на припадност кон одредена група.

Спортскиот Центар Јане Сандански

Спортскиот Центар Јане Сандански во својот аеробик центар ви дава можност вашето дете да започне да тренира детска атлетика. Стручната инструкторка Јулијана, која своето знаење го збогатила на еден од универзитетите во Лондон, ќе ги запознае вашите деца со основите на атлетиката. Групата е формирана за деца на возраст од 5-7 години. Сила, издржливост, брзина, храброст, одлучност и упорност се само неколку работи во низата бенефити кој ни го нуди. Дисциплините на атлетиката вклучуваат моторички движења кои успешно можат да се применуваат во текот на образовниот процес или низ други облици на вежбање, со чија помош се влијае на подигање на општите психофизички способности на поединецот, а тоа е особено важно за најмалите, за правилен развој на децата.

Спортскиот Центар Јане Сандански Спортскиот Центар Јане Сандански

Школата се одржува во понеделник, среда и петок од 17:30-18:30 часот. За повеќе информации јавете се на 070/268-048, посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk или пак најдете нè на Facebook и Instagram и бидете во тек со последните новости и случувања.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.