Ели Сааб и сопругата Клаудина беа горди родители на свадбата на нивниот најстар син во Бејрут.
55-годишниот либански дизајнер внимателно избра креации од сопствените колекции за да се увери дека неговата сакана ќе изгледа гламурозно и префинето. За црковната церемонија, Клаудина носеше син долг фустан со златен колан на половината. Таа со солзи на очите го следеше чекорењето на невестата до олтарот, каде ја чекаше нејзиниот син Ели Сааб Џуниор.
Видеа
За вечерната прослава, Клаудина носеше златна креација од колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2019 на нејзиниот сопруг.
Видеа
Гордите свекор и свекрва беа снимени додека ја подготвуваа невестата.
За останатите две забави, Клаудина носеше фустани во розова и мастило боја.