Почетна » Новости » Занимливости » Горда на својот град: Битолската градоначалничка Наташа Петровска на отворањето на „Браќа Манаки“

Горда на својот град: Битолската градоначалничка Наташа Петровска на отворањето на „Браќа Манаки“

Како градоначалничка на општина Битола, Наташа Петровска ја даде својата поддршка на 40-тото издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кое традиционално се одржува во Градот на конзулите.

Пред Центарот за култура, 47-годишната политичарка и професорка по математика изгледаше елегантно во тегет креација додека чекореше на црвениот тепих.

Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска

Градот Битола, како домаќин на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, е горд што создал ваква традиција, која не само што е важна на локално ниво, туку е важна и за државата Република Северна Македонија. Промоцијата, која во тие осум дена ја добива нашата земја е повеќе од значајна и нè вбројува во мапата на врвните филмски фестивали во Европа, заедно со Карлови Вари, Венеција, Софија итн. Душата на еден филм може да се доживее само преку окото на кинематограферот. Вреднувањето на оваа категорија на филмските работници е повеќе од значајно, затоа што тие не се навидум ѕвезди, но нивната работа и труд, кои нaјчесто ги краси скромноста, заслужуваат да бидат високо на пиедесталот на филмската уметност.

Раководството, секоја година ги подигнува критериумите на фестивалот, обезбедувајќи врвни лауреати, квалитетни гости, избор на филмови, мастер-класови, дополнителни содржини. Тоа го потврдува и со годинешниот избор на лауреатите, водечкиот американски и светски кинематографер Едвард Лакман и француско-грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис. Од своја страна, пак, градот домаќин секогаш ќе биде тука да им посака топло добредојде на гостите и да им овозможи секогаш Битола да ја носат во своите срца и да посакаат повторно да бидат дел од фестивалот и дел од градот Битола.

Ја продолжуваме традицијата на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки, досега само во „Првите 40 години“, со надеж дека заедно ќе дочекаме уште многу годишнини, јубилеи и промоции на ИФФК „Браќа Манаки“, фестивал наменет за неговите најважни создаватели, кинематограферите.

Добре дојдовте во прекрасната Битола, град кој нуди многу повеќе од само една филмска магија...

Наташа Петровска

На церемонијата по повод отворањето на Фестивалот, Петровска одржа краток говор.

Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска Наташа Петровска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.