Почетна » Новости » Занимливости » „Голи“ и збрчкани мачки од 3500 евра – хит во Британија

„Голи“ и збрчкани мачки од 3500 евра – хит во Британија

Во Велика Британија има нов тренд кај домашните миленичиња. Откако веќе скоро сите ги подзаборавија мини прасенцата и слатките мали ежиња, сега се актуелни „ќелавите“ мачки од расата Сфинкс.

Маче

Иако повеќето луѓе сметаат дека се грди, цената на една ваква мачка достигнува и над 3500 евра, поради големата заинтересираност.

Овие мачки се идеални за луѓе коишто страдаат од астма или пак за оние на кои им е преку глава од непријатните влакна од крзното на обичните мачки.

Мачиња

Популарните „голи“ мачки бараат дополнителна нега во текот на летото, затоа што сонцето лесно може да им ја изгори кожата, а кога им е ладно сакаат друштво и се топлат од нивните сопственици или од други животни.

Сфинкс мачките се нешто помеѓу куче и мачка – многу се лојални и ако им фрлите предмет ќе ви го донесат назад, исто како што тоа го прават кучињата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.