Почетна » Новости » Занимливости » Гинеколог маскиран како Џокерот породи пациентка на Халовин, стана интернет хит

Гинеколог маскиран како Џокерот породи пациентка на Халовин, стана интернет хит

Породувањето на Британи Селф од Тенеси поминало неочекувано забавно. Породилните болки ѝ започнале неколку дена пред предвидениот термин за породување, токму на Ноќта на вештерките. Кога нејзиниот сопруг Џастин ја однел во болница, ги примил доктор облечен како Џокерот, славниот негативец и антагонист на Бетмен.

„Терминот за породување на мојата сопруга беше 5 ноември. Утрото на Халовин, таа се разбуди и нејзиниот водењак течеше. Отидовме во болница околу 12 и 30 часот и се пријавивме. Докторот на Британи дојде да се сретне со нас и погледнете:“ – раскажува Џастин.

Џокер Џокер Џокер Џокер

„Видовме дека докторот е маскиран во Џокер за Халовин. Ни беше многу смешно и бевме возбудени што Џокер ќе ја породи Британи. Се врати да ја провери околу 16 часот, но таа сѐ уште не беше спремна. Затоа, докторот рече дека ќе оди дома да ги пречека децата што доаѓаат по слатки и да се преслече. Тогаш Британи му кажа дека ние се надевавме дека нема да се преслекува. Кога таа беше спремна, околу 20 часот, сестрата го повика докторот и на наше изненадување, тој се појави целосно облечен како Џокер, подготвен да го пречека нашето бебе Оклин“ – Џастин ја завршува нивната приказна.

Џокер Џокер Џокер Џокер

Следниот ден, кога докторот дошол да ја посети Британи облечен во својата секојдневна униформа, се пошегувал со неа велејќи ѝ дека му е жал што не успеал да дојде претходниот ден и ѝ дал честитка потпишана од „Доктор Џокер“.

Џокер Џокер Џокер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.