Почетна » Новости » Занимливости » Гест за почит: Мајката на Меси ѝ подари билет за финалето на СП на обожавателка која го изгуби дечкото во сообраќајка

Гест за почит: Мајката на Меси ѝ подари билет за финалето на СП на обожавателка која го изгуби дечкото во сообраќајка

Мајката на Лионел Меси со љубезен гест ѝ го промени животот на обожавателка која пред неколку месеци го изгуби момчето во сообраќајка.

Кога Селија Кучитини слушнала за случајот на Маитена Рифел, одлучила да ѝ помогне на несреќната девојка, подарувајќи ѝ билет за финалето на СП.

Маитена Рифел Маитена Рифел Маитена Рифел

Имено, во мај минатата година, Маитена го изгуби момчето со кое беше во врска 6 години додека истовремено планирала да замине во Катар преку размена на студенти. По сообраќајната несреќа која ѝ го зеде саканиот, тажната Аргентинка сакала да го откаже патувањето, но родителите ја убедиле да го реализира истото.

Маитена Рифел Маитена Рифел

„Кога пристигнав во Катар, сфатив дека тоа е она што ми требаше“ – рекла таа.

Маитена пристигнала во Катар во септември, непосредно пред почетокот на Светското првенство во фудбал. Таа посветено навивала за репрезентацијата на нејзината татковина, но последната заштеда ја потрошила за да го гледа полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Хрватска.

Не можејќи да си купи билет за финалето, таа одлучила да напише објава на интернет. Настаните кои следувале ја убедиле дека во животот сè се случува со причина.

Нејзината објава стигнала до мајката на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси. Таа ја контактирала Маитена на Instagram и ѝ подарила билет за финалето.

„Се возев со автобус до работа и добив барање за порака на Instagram. Кога ја отворив, пишуваше María Sol Messi (сестрата на Меси). Таа ми рече дека нејзината мајка ме видела во медиумите и дека сака да искомуницира со мене.“

„Бев шокирана, не ми се веруваше. Ѝ одговорив и по пет минути добив порака од мајката на Лео: ‘Здраво Маитена! Јас сум Селија, мајката на Лео. Прочитав за тебе и бев трогната. Дали имаш билети за утре? Имам еден за тебе. Подоцна или утре ќе ти кажам од каде да го подигнеш’“ – раскажа Маитена за случката.

Маитена Рифел

Лично брат му на Меси ѝ ја врачи влезницата на среќната девојка, која на момент живееше како во филм, седејќи на привилегирано седиште во близина на теренот на кој Аргентина испиша историја.

Маитена Рифел Маитена Рифел Маитена Рифел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11982 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.