Почетна » Новости » Занимливости » Гест за почит: Келнерка доби аплаузи откако ѝ помогна на мајка со растревожено дете

Гест за почит: Келнерка доби аплаузи откако ѝ помогна на мајка со растревожено дете

Келнерка ја освои почитта на многу луѓе низ светот со едноставен гест кој за една мајка значел премногу.

Додека Џесика Ибара се обидувала да појадува во ресторан, нејзиното дете било растревожено и се качувало насекаде. Мислејќи дека тоа ги вознемирува останатите гости, таа сакала да си оди без да ја допре храната. За среќа, тука била келнерката која ги служела и веднаш го смирила детенцето земајќи го во прегратка, оставајќи ѝ простор на Џесика смирено да појадува.

Џесика сподели фотографија и раскажа за случката, за да пренесе порака дека мајките треба да си помагаат една со друга.

Мајка

Се обидов да одам на појадок со моето бебе утрово. Му растат запчиња, па мислев дека палачинка би можела да му помогне да се чувствува подобро.

Тој беше многу растревожен и се обидуваше да се качува насекаде. Бев под стрес дека им додева на останатите гости, па се подготвував да ја побарам сметката без да ја допрам храната. Се обидов да се спакувам и да побрзам. Нашата келнерка дојде кај нас и праша дали може да помогне. (Помислив дека мисли на пакување на мојата храна.)

Наместо тоа, побара моја дозвола, го крена во рацете и ми рече: „Јас ќе го држам за да можеш да се најадеш. Јади, мајко! Знам дека веројатно никогаш не добиваш прилика за тоа. Сум била на твоето место!“ Тој се растопи во нејзината прегратка и се смири. Имав можност да јадам неколку минути без да се борам со мало дете. Не можам да ви објаснам колку ми значеше тоа. Келнерите се неверојатни. Мајките се неверојатни. Потребно е цело село за да се израсне дете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.