Почетна » Новости » Занимливости » Генијално или лудо? Маж си истетовира тонирани стомачни мускули за да се подготви за на плажа

Генијално или лудо? Маж си истетовира тонирани стомачни мускули за да се подготви за на плажа

Маж од Манчестер не сакал да се откаже од пивото, а сакал да има тонирано тело за време на летниот период, па дошол до идеја која привлече поделени мислења.

Наместо да вежба и да биде на строги диети, тој одлучил да си истетовира оцртани стомачни мускули.

Додека неколкумина се насмеаја на неговата смисла за хумор, многумина го критикуваа за постапката и коментираа дека во иднина ќе се кае за тоа што го направи.

Маж од Манчестер Маж од Манчестер Маж од Манчестер

„Ми се допаѓа. Има смисла за хумор“, „Тетоважата е доста добра“, „Не ми се верува дека досега трошев пари на членства во фитнес сала, хаха“ – пишуваат интернет корисниците.

„Живееме во свет полн со идиоти“, „Не му се вклопува со неговата боја на кожата“, „Можеби му треба тетоважа и од мозок, бидејќи му фали“, „Изгледа толку лажно, дали мисли дека ќе привлекува жени со таа тежоважа? Јас не мислам така“ – ова се дел од негативните коментари.

Маж од Манчестер Маж од Манчестер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11304 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.