Почетна » Новости » Занимливости » „Времето минува брзо“: Мајка им порачува на мажите почесто да ги фотографираат сопругите со децата

„Времето минува брзо“: Мајка им порачува на мажите почесто да ги фотографираат сопругите со децата

Мајка на три деца сподели фотографија од денот на раѓањето на ќерка ѝ и им порача на мажите почесто да ги фотографираат своите сакани со децата.

Синди Гејтвуд била инспирирана да ја напише објавата откако сфатила дека има безброј фотографии на кои сопругот си игра со децата, а многу малку на кои таа е со децата. Гејтвуд вели дека еден ден, сè што ќе им остане на децата од нивната мајка се фотографиите, а преку нив тие ќе можат да видат колку таа била убава, будалеста и полна со љубов кон нив.

Мајка

Драги татковци,

Знам дека држите телефон во моментов. Веројатно телефонот ви е секогаш во рака или барем во џебот, на сите ни е. Направете им услуга на сопругите и фотографирајте ги почесто.

Не, не зборувам за скриншот од смешните мемиња кои штотуку си ги видел на Twitter.

Зборувам за фотографии од неа. Мајката на твоите деца. Љубовта на твојот живот. Онаа која работи толку напорно за вашето скапоцено семејство.

Направи повеќе фотографии од неа.

Пред неколку дена прелистував низ мојот телефон и сфатив дека имам еден куп фотографии на кои мојот сопруг си игра со децата, но дека немам многу фотографии од МЕНЕ и децата. И за тоа сум виновна самата. Јас сум или зад камерата или не сакам да ме фотографираат спонтано. Секогаш чувствувам дека треба да имам шминка или дека треба да се наместам во добар агол, бидејќи имам менталитет наметнат од социјалните мрежи. Секогаш си мислам дека фотографијата ќе биде објавена и дека сите ќе ја видат.

Но, тоа не мора да биде така. Ни требаат фотографии од нашето семејство во кои ќе бидам вклучена и јас. Ги обожавам фотографиите на кои се само моите деца и сум благодарна за фотографиите кои ги имам од сопругот и децата, но е многу важно да бидеме на фотографиите со нив и двајцата.

Татковци, ако имате сопруга како мене, извадете го телефонот и фотографирајте ја кога лежи во креветот и ѝ чита приказна на ќеркичката.

Без предупредување.

Без позирање.

Едноставно, направете фотографија.

Фотографирајте ја кога го прашува син ви како му поминал денот.

Фотографирајте ја кога се тркала на подот со децата или кога му помага на едното од нив со домашните задачи.

Времето минува брзо и секој ден овие слатки бебиња стануваат сè поголеми и поголеми. Пред да трепнете, тие ќе се спакуваат во своите автомобили и ќе заминат на факултет.

Направете фотографија.

Еден ден неа ќе ја нема, а сè што ќе им остане на децата од неа се спомените.

Направете фотографија.

Направете фотографија за да им покажете колкава љубов таа имаше кон нив. Направете фотографија за тие секогаш да се потсетуваат колку будалеста беше таа. Направете фотографија за тие да можат да видат колку убава беше таа. Не е важно дали е по пижами или веќе четврти ден е на шампон за суво миење, ве молам, направете фотографија.

Мајка ми почина кога имав 20 години. Сè што ми остана се фотографии. Зјапам во фотографиите на кои ме држи во скутот, смеејќи се на нешто слатко што сум го кажала. Ѝ ги зумирам рацете на фотографиите за да видам дали и моите стануваат такви како што стареам.

Не можам да доловам такви нешта преку селфи.

Ве молам, направете фотографија.

Знам дека не мислите постојано на тоа, но кога ќе помислите, не грижете се за ништо друго и едноставно фотографирајте. Вашите деца (и сопругата) ќе ви бидат благодарни на крајот.

Објавата на Синди брзо стана хит на Facebook, а во коментарите многу мајки споделија слични спонтани фотографии за кои им се благодарни на своите мажи што ги направиле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.