Почетна » Новости » Занимливости » „Гордеј се со неа“: Жена апелира мажите почесто да ги фотографираат своите сакани

„Гордеј се со неа“: Жена апелира мажите почесто да ги фотографираат своите сакани

Жена им се обрати на сите мажи за да ги потсети колку е важно да ги фотографираат своите сакани. Таа вели дека најважната причина е децата да имаат спомен од својата мајка кога неа повеќе нема да ја има во нивниот живот. Објавата брзо стана вирален хит на интернет.

Мајка и ќерка

Драги мажи... направете фотографија...

Не е важно како изгледа твојата сакана, или дали ти вели „НЕ“, фотографирај ја.

Можеби не размислуваш на ова доволно често, или искрено, можеби не размислуваш на ова воопшто. Но, колку фотографии има направено таа од тебе, од вашето семејство и од животот кој го создавате? Кога неа ќе ја нема, тие фотографии нема да им ја покажат на вашите деца жената што стоеше зад фотоапаратот.

Направи фотографија од неа. Кога еден ден неа ќе ја нема, на вашите деца нема да им биде важно дали косата ѝ е хаос, дали е без шминка или дали носи стара извалкана маица. Важно е дека ти си го сакал она што си го гледал пред себе доволно за да го овековечиш, за да го замрзнеш во времето тој момент од жената која ја сакаш. Ниту една жена не сака да погледне на својот живот низ селфи фотографии. Прави го она што таа го прави за тебе секој ден и „штракни“ неколку моменти во времето.

Биди горд. Прави фотографии од неа. Пред да имате деца и потоа.

Едноставно, направи фотографија...

Кејлин

Кејлин Мери Шимф била инспирирана да го напише текстот откако татко ѝ починал и таа сфатила дека има многу малку фотографии од него, бидејќи тој постојано бил зад камерата. Кејлин вели дека многу е важно децата да имаат фотографии од своите родители.

„Еден ден сакам моите деца да ме видат како седам таму покрај нив“ – вели Шимф и додава: „Фотографиите се сè што ни останува на крајот. Спомените се одлични, но кога јас ќе погледнам назад, немам ништо од мојот татко“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.