Почетна » Новости » Занимливости » „Вредиш повеќе отколку некој кој не ни одговара на твоите пораки“

„Вредиш повеќе отколку некој кој не ни одговара на твоите пораки“

Понекогаш, ние сме склони да го идеализираме оној што го сакаме и да се надеваме дека еден ден тој ќе се промени. Но, реалноста е дека луѓето тешко го менуваат својот карактер.

Ако честопати ви се случува да седите со телефонот во рака и да очекувате порака или повик од саканиот, надевајќи се дека тој не ви враќа веднаш зашто е зафатен, овој текст на Лејси Рембургер е за вас.

Младата авторка преку своите текстови им ја зголемува самодовербата и самопочитта на девојките и им порачува да не се задоволуваат со врска во која не го добиваат вниманието што го заслужуваат.

Девојка

Вредиш повеќе отколку некој кој не ни одговара на твоите пораки

Точно прочита, реков да го заборавиш. Ако тој не ти одговорил еден, два или три часа, едноставно заборави го. Вредиш многу повеќе од тоа.

Знам дека во денешната култура, ни велат дека е ОК ако тој не го направи првиот чекор. Дека е ОК ти му пишеш прва. Дека е ОК секогаш ти да прашуваш каков е планот, дека е ОК ти да бидеш таа која секогаш го организира времето за да бидете заедно. Знаеш што? Понекогаш е ОК.

Но, ако ти си таа која секогаш пишува прва; ако ти си таа која секогаш лежи на креветот и зјапа во телефонот, надевајќи се дека часовите без одговор значат дека тој едноставно е зафатен; ако ти си таа која секогаш ги организира излегувањата и љубовните состаноци – треба да направиш чекор назад и да сфатиш дека вредиш многу повеќе.

Вредиш многу повеќе од кратките пораки доцна во ноќта и разговорите без интерес. Вредиш многу повеќе од неискрените комплименти и празните ветувања. Ти си убава, ти си неверојатна и имаш толку многу нешта кои можеш да му ги понудиш на овој свет, наместо да си ги трошиш мислите прашувајќи се зошто тој не ти го дава вниманието, кое длабоко во себе знаеш дека го заслужуваш.

Знам, понекогаш тој ти пишува пораки и тоа е прекрасно. Тој води навистина интересни разговори со тебе, ти дава комплименти и прави да се чувствуваш како да стоиш на врвот на светот. Знам дека кога сте само двајцата, тој те бакнува на челото и ти кажува дека изгледаш неверојатно. Знам дека поради тие моменти, тие магични моменти, ти не сакаш да го пуштиш да си оди.

Но, драга моја, ти заслужуваш многу повеќе од магични моменти кои се бројат на прсти, наспроти недели исполнети со збунетост и минимални напори.

Ти ветувам дека ако ти постојано се трудиш, а тој не ти возвраќа многу, или пак воопшто, тоа не е затоа што е зафатен или пасивен. Сите ние сме зафатени во животот, вклучително и ти, но наоѓаме време за она што сметаме дека е важно. За жал, тој не може да ја види магијата и убавината што ја носиш во твоето срце, нештата кои знам дека сакаш да му ги покажеш кога тој едноставно би те прашал.

Вредиш многу повеќе. Те молам посвети му го твоето време на некој кој може да го види тоа самиот, наместо ти да се обидуваш да го натераш да ја сврти главата кон тебе. Знам дека е тешко и знам дека боли.

Но, те молам, знај дека вредиш повеќе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11112 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.