Почетна » Новости » Занимливости » Сакам да сум сингл, но со тебе

Сакам да сум сингл, но со тебе

Врската е спој на два живота, две различни индивидуи со свои желби, страсти и ставови.

Француската авторка Изабел Тесиер во својот хит текст „Сакам да сум сингл, но со тебе“ објаснува како според неа изгледа здрава врска, во која ниту еден од партнерите не треба да се откаже од сопственото јас во име на другиот. Романтичната писателка открива дека сонува за врска во која таа, како и нејзиниот партнер, ќе ја имаат слободата да ги следат своите страсти и да имаат свои хобија и интереси.

Текстот стана вирален хит со стотици илјади споделувања на социјалните мрежи.

Пар

Сакам да сум сингл со тебе.

Сакам да одиш на пиво со пријателите, а следното утро и покрај тоа што си мамурен, да ме викнеш да ти се придружам зашто имаш потреба да ме обвиеш со рацете и да се гушкаме и душкаме еден со друг. Сакам наутро да си зборуваме в кревет на секакви теми, а понекогаш попладне секој да тргне по свој пат.

Сакам да ми раскажуваш за излегувањата со твоите пријатели. Да ми кажеш дека имало девојка на шанкот која те меркала. Да ми испратиш порака кога се пијаниш со пријателите и да ми напишеш нешто неважно, само за да се увериш дека и јас мислам на тебе.

Сакам да се смееме додека водиме љубов. Да започнеме да се кикотиме, бидејќи експериментираме со нови работи, а тие немаат никаква смисла. Сакам додека сме со нашите пријатели да ме фатиш за рака и да ме одведеш во другата соба, затоа што не можеш повеќе да издржиш и чувствуваш дека мораш веднаш да водиш љубов со мене. Ќе се обидувам да бидам тивка за да не можат да нè слушнат.

Сакам да јадам со тебе, да ме натераш да ти раскажувам за мене, а потоа ти да раскажуваш за себе. Сакам да спориме за местата на живеење, да си го замислуваме нашето љубовно гнездо, знаејќи дека најверојатно никогаш нема да живееме во него. Сакам да ми ги кажуваш твоите планови без оглед на тоа дали ги разбирам или не. Сакам да ме изненадиш, да речеш: Земај го пасошот, заминуваме!

Сакам да се плашам со тебе. Да правам нешта кои не би ги правела со никој друг, бидејќи со тебе ќе бидам самоуверена. Да се вратам пијана по убава вечер со пријателките, а ти да ме допреш на лице, да ме бакнеш, да ме искористиш како перница и да ме стегаш силно додека спиеш.

Сакам да имаш свој живот, да си слободен да отпатуваш на неколку недели. Да ме оставиш тука сама, да ми биде здодевно и со нетрпение да очекувам да ми се појави прозорче на Facebook со твојот лик на кое ми пишуваш „здраво“.

Не сакам секогаш да ме каниш на твоите излегувања, а не сакам ниту јас секогаш да те викам на моите. Само така ќе можам да ти раскажувам за нив следниот ден и да те слушам како ми раскажуваш за твоите.

Сакам нешто што ќе биде истовремено едноставно и комплицирано. Нешто што ќе поттикнува многу прашања во мене, но штом ќе се најдам во иста соба со тебе, да ги знам одговорите. Сакам да мислиш дека сум убава и со гордост да кажуваш дека сме заедно. Сакам да те слушам како ми кажуваш дека ме сакаш, а особено сакам да ти возвраќам на тоа. Сакам да ми дозволуваш да чекорам пред тебе за да можеш да ми го гледаш задникот како ми се ниша лево-десно. Умислено да ми дозволуваш да ги чистам прозорците на автомобилот во зима, зашто ти е смешно кога задникот ми се ниша.

Сакам да кројам планови кои не знам дали ќе се реализираат. Да бидам во врска која е непредвидлива. Сакам да ти бидам добра пријателка, онаа со која ќе сакаш да се дружиш. Сакам да си ја задржиш желбата за флертување со други девојки, но секогаш да се враќаш кај мене на крајот на вечерта. Бидејќи јас ќе сакам да си одам дома со тебе. Сакам да бидам онаа со која ќе сакаш да водиш љубов и заспиваш. Онаа која ќе стои настрана додека работиш и која ќе те обожава кога ќе се изгубиш во светот на музиката.

Сакам да живеам сингл живот со тебе. Нашите животи како пар да бидат еквивалент на нашите „сингл животи“, само да бидеме заедно.

Еден ден ќе те пронајдам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.