Почетна » Новости » Занимливости » Војвотката Кетрин сподели фотографија од принцезата Шарлот за да испрати порака за важноста на „малите моменти“

Војвотката Кетрин сподели фотографија од принцезата Шарлот за да испрати порака за важноста на „малите моменти“

Војвотката Кетрин се залага секое дете во Велика Британија да има најдобар старт во животот. Таа постојано испраќа пораки до родителите да уживаат во малите моменти со децата и да поминуваат што повеќе време со нив надвор, подалеку од обврските кои можат да им го одвлечат вниманието од она што е навистина важно.

38-годишната припадничка на британското кралско семејство објави нова фотографија на која принцезата Шарлот мириса зумбул. Подоцна, во интервју, Кетрин откри дека таквите моменти многу ѝ значат.

„Ја направив оваа фотографија од Шарлот како мириса зумбул, бидејќи за мене, како родител, моментите како овој ми значат многу. Се обидувам секој ден да создавам такви моменти, дури и ако се мали, дури и ако немам време. Во идеален свет, тоа е она што би сакала да го правам.“

„Кога бевме деца, поминувавме ужасно многу време надвор и тоа е нешто што ми ја буди страста. Тоа е добро за физичкото, но и за менталното здравје“ – вели Војвотката, која постојано се залага децата да минуваат што повеќе време надвор на свеж воздух.

Кетрин започна анкета од пет прашања преку која сака да го слушне мислењето на родителите за воспитувањето на децата од најрана возраст. Тоа им дава можност на луѓето од Велика Британија да ги искажат нивните гледишта околу воспитувањето на следната генерација.

Преку анкетата, таа сака да ги слушне клучните проблеми кои ги засегаат семејствата и заедниците за да може да ја фокусира нејзината работа онаму каде што е најпотребна.

„Мојата амбиција е да овозможам трајни промени за идните генерации“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10355 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.