Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја привршуваат петдневната турнеја низ Пакистан.
Кралскиот пар денес ја посети џамијата Бадшахи во Лахор. 37-годишната војвотка од Кембриџ носеше тиркизен шалвар-камиз и марама од Махин Кан.
Почитувајќи ги религиозните обичаи, Кетрин и Вилијам ги соблекоа обувките, а таа ја покри главата со елегантната марама.
Славната двојка разговараше со верски лидери за да дознае повеќе за нивните залагања за одржување на хармонија помеѓу различните вери во заедниците.