Празничната еуфорија станува сè поинтензивна. Стотици Дедомразовци вчера се тркаа во Скопје и потсетија дека сме на прагот на најубавата празнична сезона.
Околу 450 лица со бели бради и мустаќи и облечени во црвени костими се натпреваруваа, мамејќи насмевки и подигнувајќи го расположението на гледачите.































Победниците од категоријата на млади беа: Марко Јовановски, Калина Марковска и Ива Цветковска. Во категоријата женски, трето место освои Ивана Кипријановска, второто место го доби Тамара Славевска, а на прво место застана Рената Соколовска. Во категоријата мажи, третото место го освои Богдан Цветковски, второто му припадна на Атанас Анчевски, додека на врвот беше Дарио Ивановски.
Учесниците ја започнаа трката во 12.00 часот и истрчаа 2 километри. На најдобрите им беа доделени награди и медали од страна на претставници од Град Скопје, Конгресен центар „Александар Македонски“ и Coca-Cola. За останатите беше организирана лотарија и им беа доделени разни подароци.


