Почетна » Новости » Занимливости » Вистински суперхерои: 6 дечиња кои се борат со тешки заболувања трансформирани во филмски херои

Вистински суперхерои: 6 дечиња кои се борат со тешки заболувања трансформирани во филмски херои

Суперхероите не се само обични фикциски ликови за детската имагинација. Тие се често извор на мотивација и поттикнувачи на позитивен став, како и објекти на идентификација.

Џош Роси го искористил својот фотографски талент и љубовта на 6 деца кон популарните суперхерои за да направи интересен проект. Професионалниот фотограф од Јута избрал 6 дечиња кои се борат со исклучително тешки болести и со нивна помош изработил забавна фотосесија врз мотивот на популарниот филм „Лига на правдата“.

Секое од дечињата влегло во улога на еден суперхерој: Сајборг, Супермен, Бетмен, Вондер Воман, Флеш и Аквамен. Учеството во тематската фотосесија предизвикала неизмерна радост кај болните дечиња, кои и покрај тешките третмани и изнемоштеноста, биле пресреќни и максимално се вложиле во проектот.

Суперхерои

Сопруга на Џош, Роксана, поминала долго време во потрага по соодветни учесници чии приказни ќе се поклопат со карактерните црти и функциите на суперхероите. Нивната цел била да им ја разбудат внатрешната сила на дечињата кои се борат со тешки предизвици во своите млади животи и да им покажат дека тие се суперхероите на реалниот живот.

Кејден Кинкл како Сајборг

5-годишното момче преживеало двојна ампутација и сега се движи со помош на две протетички нозе. Неговата судбина е слична со приказната на суперхеројот Сајборг, кој е делумно робот поради страшната несреќа што ја преживеал како момче.

Кејден покажал импресивна храброст и волја самостојно да застане на своите протетички нозе.

Суперхерои Суперхерои

Софи Лофтус како Вондер Воман

3-годишното девојче страда од ретка форма на рак. Сакала да има долги, црни локни, но поради болеста ја изгубила својата коса. Таа е силен воин како женскиот суперхерој.

Терапијата со радијација ја комплетирала само неколку дена пред да го облече костимот на Вондер Воман.

Суперхерои Суперхерои

Тиган Петит како Супермен

9-годишното момче има преживеано три отворени операции на срцето и е голем обожавател на Супермен, чие срце е исто така негова слаба точка.

Секој ден е нов ризик за малиот суперхерој, но тој одбива да не живее како и секое друго дете на негова возраст.

Суперхерои Суперхерои

Матиз Манума како Аквамен

2-годишното момче се бори со леукемија. Полинезиското потекло не е единственото нешто кое го поврзува со јунакот Аквамен. Тие ја споделуваат истата храброст и моќ.

Малечкиот суперхерој комплетирал еден дел од хемотерапијата неколку дена пред да позира како Аквамен.

Суперхерои Суперхерои

Зејден Столроу како Флеш

7-годишното момче страда од ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder). Поради хиперактивноста која е една од манифестациите на овој синдром, Зејден не може да одолее на потребата постојано да трча и да се движи, што често му предизвикува неволји на училиште и проблеми во стекнувањето другарчиња.

Каде што другите гледаат недостаток, фотографот пронашол сличност со најбрзиот херој на светот – Флеш.

Суперхерои Суперхерои

Сајмон Фулмер како Бетмен

5-годишното момче се бори со ретка форма на рак. Неговата мајка вели дека е многу силен и дека никогаш не се жали поради тешките терапии.

Го обожава Бетмен и ја споделува неговата моќ да победува.

Суперхерои Суперхерои

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.