Почетна » Новости » Занимливости » Виртуелна банка за сперма и јајца за убави бебиња

Виртуелна банка за сперма и јајца за убави бебиња

Контроверзниот сајт BeautifulPeople.com, кој се промовира како „сајт за запознавање забранет за грди луѓе“, пред два дена лансира виртуелна банка за сперма и јајца чии донори се само убави луѓе.

Преку услугата Beautiful Baby Service сите луѓе кои сакаат да станат родители на убаво бебе можат да си најдат донор, а сопствениците „великодушно“ решиле дека таа услуга можат да ја користат и грдите луѓе.

Сајтот beautifulpeople.comПочетната страница на сајтот BeautifulPeople.com

„На почетокот се двоумевме дали да ја прошириме услугата и за неубавите луѓе. Но сите, дури и грдите луѓе, сакаат да донесат на свет убаво дете и ние не можеме да бидеме себични со нашиот „базен“ од атрактивни гени“ – изјавил основачот Роберт Хинце.

Менаџерот Грег Хоџ пак додал: „Привлечноста е еден од првите квалитети кои луѓето сакаат да ги поседува нивното дете. Сите ние сме поотворени и попријатно се чувствуваме во близина на привлечни луѓе и секој би сакал неговото дете да има колку што е можно повеќе предности. Не велиме дека убавината е единствената добра особина. Интелектот исто така е важен, па можеби МЕНСА може да направи нешто слично со нивните членови“.

Основачите тврдат дека не го прават ова за финансиска добивка, туку дека оваа услига е одговор на зголемената побарувачка за атрактивни донори.

BeautifulPeople.com очигледно сака да ја зголеми својата популарност со контроверзија. Тоа е истиот сајт којшто по божиќните празници избрка 5000 свои членови само затоа што се здебелиле.

Сајтот е лансиран во 2002 година и има 600 000 членови од 190 земји од светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.