Почетна » Новости » Занимливости » 5000 здебелени луѓе избркани од сајт за запознавање

5000 здебелени луѓе избркани од сајт за запознавање

За некои луѓе убавината на партнерот е пресудна за создавањето на врска. Токму таа склоност на луѓето да бидат со убав партнер е искористена од веб сајтот за запознавање BeautifulPeople.com, кој што има строга политика да не прима „грди“ луѓе како свои членови.

BeautifulPeople.comСајтот за запознавање BeautifulPeople.com исфрлил 5000 свои членови само заради тоа што се здебелиле за време на празниците.

За да си направите профил на овој сајт треба да поминете низ строга процедура за оценување на убавината од менаџерите на сајтот, кои одлучуваат дали сте „квалифицирани“ да бидете нивен член или не.

Во периодот по Нова Година, од овој сајт за запознавање биле исфрлени 5000 членови, само поради тоа што качиле по некое килце за време на празниците. Најмногу корисници кои настрадале од строгата политика на менаџерите биле од Америка, Велика Британија и Канада.

Менаџерот на сајтот Грег Хоџ изјавил дека здебелените корисници на сајтот биле вратени во фазата на оценување и само на неколку стотина им било дозволено да се вратат како членови, а останатите 5000 биле отстранети.

На секој од исфрлените му бил пратен e-mail со препорака одново да кандидира откако ќе ослаби.

Основачот на сајтот изјавил: „Ако им дозволиме на дебелите да го посетуваат сајтот, тоа ќе биде директна закана за нашиот бизнис модел и самиот концепт околу кој е создаден BeautifulPeople.com“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.