Почетна » Новости » Занимливости » Вирална објава нè учи на скапоцена лекција за среќата

Вирална објава нè учи на скапоцена лекција за среќата

Вирална објава деновиве го обиколува интернетот, учејќи нè на скапоцена лекција за среќата.

Балони

Учител донел балони во школото и ги замолил децата да ги надуваат и секое од нив да го напише своето име на еден балон. Потоа, сите балони биле изнесени во ходникот и учителот ги помешал. Учителот им дал на децата 5 минути за секој да го пронајде балонот со сопственото име. Децата истрчале да бараат, но 5 минути поминале брзо и никој не го нашол точниот балон.

Тогаш, учителот им рекол на децата: „Земете го балонот кој е најблиску до вас и дајте ѝ го на личноста чие име е напишано на него“. Не поминале ни две минути, а секој го имал својот балон во рацете.

На крајот, учителот ја истакнал лекцијата која произлегува од овој експеримент:

„Балоните се како среќата. Нема да ја пронајдете ако ја барате само за себе. Но, ако сите се грижите едни за други, брзо ќе ја најдете“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.