Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Шпанците од балкони им аплаудираат на медицинските лица кои херојски се борат со коронавирусот

ВИДЕО: Шпанците од балкони им аплаудираат на медицинските лица кои херојски се борат со коронавирусот

Шпанија со громогласен аплауз му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој деноноќно е во првите борбени линии за справување со коронавирусот.

Илјадници лица истовремено излегоа на балконите и аплаудираа за да ги бодрат докторите и медицинските сестри.

Гестот за поддршка беше организиран преку социјалните мрежи. Граѓаните синоќа беа повикани да излезат точно во 22 часот.

Шпанија е силно засегната од коронавирусот. Над 7.700 се заразени, а 288 ја изгубиле битката со КОВИД-19.

И во Италија беше организирана иста акција за искажување благодарност, солидарност и поддршка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.