Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Со својот глас и тажна судбина донесе солзи на Korea's Got Talent

ВИДЕО: Со својот глас и тажна судбина донесе солзи на Korea's Got Talent

22-годишниот Сунг-бонг Чои е скромно момче кое ако не со својата трогателна приказна, ќе ве расплаче со својот голем глас. Чои веќе има расплакано над милион и половина посетители на YouTube и за неколку дена тој стана вистинска сензација.

Неговата трогателна приказна потсетува на Оливер Твист и не е чудно што Чои ги освои сите кои успеаја да слушнат дел од неа.

„Бев оставен во сиропиталиште кога имав 3 години, кога наполнив 5 години избегав откако бев истепан од луѓето таму“ – започнал да ја раскажува Чои својата приказна во шоуто Korea's Got Talent.

По напуштањето на сиропиталиштето, тој десет години продавал гуми за џвакање и енергетски пијалоци на улица, а спиел на скали или во јавни тоалети.

За првпат отишол на училиште кога наполнил 15 години. Чои успеал да се запише во средно училиште откако положил тестови за завршување на основно.

„Сакам само да бидам како другите нормални луѓе. Не пеам толку добро, но кога пеам, чувствувам како да станувам друга личност“ – скромно изјави Чои пред да се појави на сцена.

Поради неговата скромност, никој не очекуваше дека Чои ќе запее толку силно и моќно. „Само сакам да те прегрнам“ – со очи полни со солзи му рече една од членките на жирито откако Чои заврши со својот феноменален настап.

Погледнете го.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.