Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 13-годишно девојче ќе ве наежи со неверојатниот оперски глас

ВИДЕО: 13-годишно девојче ќе ве наежи со неверојатниот оперски глас

Лора Бретан има само 13 години, а веќе го освојува светот со својот неверојатен глас.

Кога талентираната, но скромна девојка се појави на сцената на „America's Got Talent“, никој не можеше да претпостави дека поседува прекрасен и моќен оперски глас. Бретан ја изведе оперската арија „Nessun Dorma“ и ги крена на нозе присутните.

„Не сум слушнал ништо вакво во сите овие години додека работам на шоуто. Сериозно. Тоа беше неверојатно“ – коментираше Сајмон.

Мелани Би го притисна златното копче и ја испрати Лора директно во настапите во живо на шоуто за таленти. „Сметам дека ова шоу комплетно ќе ти го промени животот, а јас ќе ти го променам животот веднаш“ – изјави поранешната членка на Spice Girls пред да го притисне златното копче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.