Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Свадбената приказна на Тамара и Марко

ВИДЕО: Свадбената приказна на Тамара и Марко

Свадбеното видео на Тамара и Марко е визуелен доказ за нивната љубов и драгоцен спомен за нивното запливување во брачните води.

Љубовната приказна на среќниот пар започнала пред неколку години на Копаоник. Пред една година, во ресторанот „Buongiorno“ во познатиот српски скијачки центар, Марко ѝ предложил брак на својата сакана. Токму затоа, свадбеното видео е снимено на локациите на кои започнала нивната љубовна приказна.

Тамара и Марко, кои живеат во Швајцарија, го прославиле стапувањето во брак во Крушевац. Видеото од „големиот ден“ е проект на македонските професионалци од Зага Продукција.

Зага Продукција е креативна компанија која цели да го збогати најубавиот ден од животот на своите клиенти со прекрасни визуелни спомени. Во своето долгогодишно постоење, Зага Продукција ги овековечила драгоцените свадбени моменти на многу младенци од Македонија и пошироко. Во рацете на тимот е врачена наградата Најдобра љубовна приказна во Европа за 2011 година и тоа за видео снимено во близина на Скопје.

Минатата година нивното свадбено видео „The Goddess and her Soulmate“ со младенците Божица и Денис освои награда во категоријата „Best Walk“ од European Event Videographers Association (EEVA).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.